• Саше Љолес
Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, по натпреварот со Интер во италијанскиот Суперкуп изјави дека неговиот тим можел да одигра многу подобро и искрено рече дека фудбалерите „паднале во замката на ривалот“.
Хитот во Серија А загуби со 2-0 од актуелниот шампион, но Гасперини смета дека ВАР-технологијата неправедно поништила гол за Аталанта и тука го гледа клучниот момент на мечот.
„Факт е дека лесно ја губевме топката и влеговме во замката на Интер. Тие беа многу силни на средината и не дозволуваа лесен продор кон нивниот гол. Сметам дека во второто полувреме одигравме подобро и покрај двата примени гола.
Не знам што да кажам, но мислам дека ова денес беше некоја лоша верзија на ВАР-технологијата. Милиметарски офсајд кој навистина е дискутабилен. Тој гол го промени текот на мечот. Да беше 2-1, мислам дека приказната ќе беше поинаква. Ќе имавме уште дваесетина минути за надигрување и евентуално резултатско враќање.
Му честитам на Интер, тие сепак заслужено победија. Имаат одлични индивидуалци и добра хемија во тимот. Загубивме со 4-0 и 2-0 од нив сезонава, се надевам дека во иднина ќе им создаваме многу повеќе проблеми“, изјави Гасперини.
Аталанта сега го насочува фокусот кон домашното првенство, каде во моментов е лидер на табелата, а во следното коло ќе се соочи со екипата на Удинезе.





