Гасперини: Овој тим има глава и срце, а Мален ме потсеќа на Игуаин!

Екипата на Рома продолжува во голем стил на стартот од сезоната. По триумфот над Фиорентина, тимот на Џанпјеро Гасперини со убедливи 4-0 славеше и на гостувањето кај Лече, а италијанскиот стратег беше презадоволен од карактерот на својата екипа.

„Ова е извонредна група, има глава и срце. Тимот игра со страст, а тоа е фундаментално во фудбалот. Знаеме дека е само почеток на сезоната, но ова секако е добар знак. Одиме чекор по чекор кон нашите цели“, изјави Гасперини по натпреварот. 

Тренерот на Рома посебно го пофали Дониел Малeн, кој постигна два гола, а неговите карактеристики ги спореди со оние на Гонзало Игуаин.

„За брзината, контролата, ударот и забрзувањето на мал простор, споредбата стои. Мене ми се слични во стилот“, рече Гасперини.

Рома сега има максимални шест бода на табелата, а во следното коло ќе ги одмери силите со екс-тимот на Гасперини - Аталанта.