Гасперини: Не само што победивме, туку како победивме!

Ретко кој можеше да претпостави дека на крајот од сезоната во Лига Европа на трофејот ќе се радуваат фановите на Аталанта. Ливерпул, Спортинг и Баер Леверкузен беа меѓу главните фаворити во ова натпреварување, но сите три екипи во елиминационата фаза фудбалски лекции токму од Аталанта.

По финалето во Даблин, во кое Аталанта извојува победа од 3-0, Гасперини беше исклучително горд на своите избраници.

„Не само што победивме, туку и како победивме! Го победивме Ливерпул кога беше прв на табелата во Премиер лигата, претходно и Спортинг и сега Баер Леверкузен.

Исклучително сум горд на момците“, рече накратко искусниот стратег.

Херој на италијанскиот тим беше Адемола Лукман – творецот на трите гола на ова финале.

Состави

Џанпјеро Гасперини

3-4-3

    Чаби Алонсо

    3-4-2-1