Гасперини: Креиравме повеќе од Интер, Аталанта заслужи три бода

Дерби дуелот од третото коло по продолжувањето на шампионатот на Италија оваа година, помеѓу Аталанта и Интер понуди многу емоции, но изостанаа головите (0-0).

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини не е во целост задоволен од поделбата на пленот.

„Игравме многу добро, иако беше тежок натпревар. Креиравме малку повеќе од нив, бидејќи Интер седеше многу длабоко и чекаше да направиме грешка за да ги пробие нашите редови. Користеа двајца нови напаѓачи и мислам дека генерално заслужуваме нешто повеќе“, изјави Гасперини.

Колумбиецот Дуван Запата не настапи, а Луис Муриел промаши неколку шанси кои можеа да донесат три бода за „божицата“ од Бергамо.

Интер е лидер со 50 бодови, додека Аталанта е четврта со 42 бода.