• Иван Димовски
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед имаа старт на клучниот меч во Лигата на шампионите како од соништата. Со погодоците на Алехандро Гарначо и Бруно Фернандеш уште во првите дваесет минути „ѓаволите“ успеаја да дојдат до двојна предност.
Аргентинскиот фудбалер го отвори резултатот, а со својата прослава ги налути навивачите. Поради силните свирежи, Гарначо пак прослави како Роналдо и им покажа „Калма, калма“ на турските приврзаници на Галата.
Овој потег на Гарначо беше проследен со уште посилни свирежи, на што тој врати со гест во стилот дека не ги слуша. Тогаш кон теренот полетаа и запалки од разбеснетите навивачи на Галатасарај.