Гана потфрли во финишот и ремизираше со Габон во АКН

По минималниот пораз од Мароко на отворањето на шампионатот, фудбалската селекција на Гана испушти голема шанса да ги собере првите три бода на Африканскиот Куп на нации. Во второто коло од групата Ц, Гана долго време имаше водство од 1-0, но во самиот финиш одбраната попушти и дозволи Габон да освои голем бод од овој дуел (1-1).

Поранешниот ас на Вест Хем Јунајтед и Свонси, Андре Ају на додавање на Томас Парти во 18. минута беше на висината на задачата и погоди за водство на Гана од 1-0. Сепак, во 88. минута ѕвездата на Црвена Звезда, Канга асистираше до Алевинах за конечни 1-1 и четврти бод на Габон на шампионатот. 

Претходно, во групата Ц селекцијата на Мароко ја потврди фаворитската улога против Комори и славеше со сигурни 2-0. Триумфот на Мароканците им го донесоа Амалах во 16. минута и Абоукхал во 89. минута од натпреварот.

  • Извештај од натпреварот: 

Три бода од денешната програма во Африканскиот Куп на нации освои и селекцијата на Малави, која што со двата гола на Мханго со 2-1 беше поуспешна од Зимбабве

Состави

Нема податоци за овој натпревар

Daniel Cousin

    James Kwesi Appiah