ВИДЕО: Гаљардо се врати со стил, Ланцини и Ривер ја освоија „Бонбоњера“

Фудбалерите на Ривер Плата го совладаа на гости најголемиот ривал Бока Јуниорс со 0-1 (0-1) во натпреварот од 15. коло од националниот шампионат на Аргентина. Новото „Суперкласико“ ни донесе добро познато витештво и борба и специфично возбудување во текот на сите 114 минути игра, колку што траеше средбата на „Бомбоњера“, која „зовре“ на самиот крај од натпреварот.

Доволно е да се каже дека првиот жолт картон беше забележан во седмата секунда, за да утврдите каков натпревар се играше во Буенос Аирес. Ривер ја круниса поконкретна игра во првото полувреме со голот на искусниот Мануел Ланцини, кој со помош на еден од дефанзивците на Бока ја затресе мрежата на Серхио Ромеро (0-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Нервозата на теренот растеше од минута во минута, Бока се обидуваше да се закани кон голот на ривалот со поофанзивна игра во вториот дел. Тоа успеа во седмата минута од судиското надополнување, кога Милтон Хименез постигна гол по една мешаница во шеснаесетникот на Ривер. Сепак, набрзо се јави сигнал од ВАР-просторијата, кој сигнализираше дека Хименез играл со рака во акцијата за голот, поради што голот беше поништен. Кристијан Лема заработи исклучување во последните моменти од мечот, кој на крајот траеше 114 минути...

Со оваа победа Ривер на повратникот Марсело Гаљардо скокна до петтото место со 24 бода, три повеќе од Бока.