Галевски од Струга ТЉ се пресели во Победа

Повратниот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Победа, доведе уште едно засилување во своите редови. 

Нов член на прилепчани е Иван Галевски. 25-годишен фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции на теренот -  во страничните линии, во средниот ред и во нападот. Галевски веќе неколку дена тренира под палката на Бабунски, а откако задоволи со своите квалитети, доби понуда за останување.

Во Победа се сели од редовите на Струга, а претходно настапуваше за кратовски Силекс, Пехчево и Еуромилк. Негов матичен клуб му е Македонија ЃП, а една година има играно во Португалија.

По три одиграни кола во новата сезона Победа сè уште е без бодови и со Работнички ја дели последната позиција на табелата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.