„Галебите“ слават лудо: Брајтон официјално „летна“ во Премиер лигата!

Екипата на Брајтон на три кола пред крајот на Чемпионшип лигата официјално го потврди премиерлигашкиот статус.

„Галебите“ како домаќини со 2-1 го совладаа Виган и обезбедија прв, историски пласман во најквалитетното англиско фудбалско натпреварување по реформирањето во 1992 година. Со головите на Мареј и Марч домаќинот поведе со 2-0 и ја најави радоста на својот стадион. Пред финишот на мечот Пауел погоди за 2-1.

Брајтон дојде до бројката од 92 бода по 43 одиграни кола. Зад нив се наоѓа Њукасл со 85 бода и е на добар пат да се врати директно во англиската елита. Екипата на Брајтон има 115 години и е формирана во далечната 1901 година.