Галатасарај со мега-понуда му го „краде“ Бернардо Силва на Јувентус?

Турскиот шампион Галатасарај е подготвен да му „украде“ едно од планираните летни засилувања на гигантот Јувентус.

Според информациите од италијанските медиуми, станува збор за Бернардо Силва, кој на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер Сити. Иако Јувентус долго време важеше за фаворит за неговиот потпис, Галатасарај подготвил значително побогата понуда.

Турскиот клуб на португалскиот репрезентативец му нуди тригодишен договор вреден околу 50 милиони евра, сума со која „старата дама“ тешко може да се „натпреварува“.

Јувентус, според истите извори, има поставено лимит за плати од околу седум милиони евра по сезона, а со бонуси би можел да стигне до девет милиони, што е далеку од понудата на Галатасарај.

Сепак, клубот од Торино се надева дека традицијата, настапите во Серија А и спортскиот проект би можеле да бидат пресудни во изборот на искусниот играч за врска. Бернардо Силва сигурно ќе биде меѓу најбараните фудбалери во текот на летниот преоден рок.