Галатасарај сака напаѓач кој минатата сезона не постигна ниеден гол за Олимпик Марсеј!

Турскиот шампион Галатасарај е силно активен на пазарот. Преговара со Рафа Силва од Бенфика, а сега турските медуми најавуваат уште еден голем потпис.

Галатасарај тргнува по потписот на напаѓачот на Интер, минатата сезона на позајмица во Олимпик Марсеј, Хоакин Кореа. Интер веќе бара купувач за напаѓачот кој минатата сезона на 19 настапи за тимот од Лига 1 не успеа да постигне ниту еден гол.

Олимпик Марсеј нема намера да го купи Кореа, дозволувајќи му да се врати во Интер во наредните недели. Аргентинскиот напаѓач не е дел од проектот на Симоне Инзаги, но Галатасарај покажа интерес за него, па допрва следуваат преговорите со Интер.