Галатасарај го пријави Мурињо во УЕФА за расизам, ги нарекол „мајмуни“

Екипата на Галатасарај остана непоразена во турското дерби со Фенербахче и така ја продолжи серијата без пораз во Суперлигата, а мечот имаше интересни случувања по крајот.

Истанбулските ривали одиграа динамичен дуел, но немаше голови. И покрај тоа се работеше за интересен меч. Секако, во фокусот беше стратегот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој имаше забелешки за домашниот тим.

Но мечот, Мурињо кажал дека „клупата на Галатасарај скока наоколу како мајмуни“, а тоа го навреди домаќинот. Галатасарај најави пријава во Турската фудбалска федерација и УЕФА за зборовите на португалскиот стратег кои ги нарече - „расизам“.

Галатасарај бара суспензија за трофејниот тренер, затоа што „за расизмот нема место во фудбалот“.