ВИДЕО: Галатасарај е нов шампион на Турција, Фенербахче и Елмас обезбедија ЛШ

Фудбалерите на Галатасарај се нови шампиони на Турција, откако во последното коло на турскиот шампионат на гостински терен го совладаа Гезтепеспор со 0-1 (0-1).

Стрелец на единствениот погодок беше Гомис во 66. минута од пенал.

Фенербахче славеше победа против Коњаспор со 3-2 (2-0) и обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона. Во стартниот тим на гостите настапи и нашиот Адис Јаховиќ и во 73. минута ги постави конечните 3-2. 

Во останатите натпревари Истанбул Башакшекир славеше со 3-2 против Кашимпаша и заедно со Бешикташ, кој запиша победа против Сиваспор од 5-1, во наредната сезона ќе ја претставуваат Турција во Лига Европа.

Од турската лига испаднаа екипите на Османлиспор, Генчербирлиги и Карабукспор, а во Европа ќе игра уште и тимот на Акисар, кој во финалето на Купот го совлада Фенербахче.