• Зоран Мишевски

Во турската Суперлигата доаѓаат да играат главно познати ветерани, а не ѕвезди во полн ек на својата форма. Но, последното најавено засилување на Галатасарај е фудбалер во полна зрелост и само шест месеци, откако беше единствен стрелец во финале на европско клупско натпреварување.
Николо Заниоло утре треба да потпише договор со Галатасарај. Турскиот клуб ќе го купи Заниоло за дваесет милиони, Италијанецот ќе потпише договор на четири години, со плата од 3,5 милиони евра. Интересно е дека откупната клаузула ќе биде поставена на 35 милиони евра и ќе може да се активира веќе налето.
Во моментот Истанбул е најдобрата опција за Николо Заниоло, но тој нема намера уште долго да остане во Турција, поради што побара да има прифатлива клаузула за да може да замине во друг клуб.