ВИДЕО: Галата поведе, ама Ларин со два гола донесе пресврт-победа на Бешикташ

Турскиот шампион Бешикташ експресно им се врати на победите во домашниот шампионат, откако на затворањето на 10. коло преку пресврт славеше над големиот ривал Галатасарај, со резултат од 2-1 (1-1).

Големото дерби на турскиот фудбал ги оправда очекувањата на фановите, затоа што двете екипи играа со цел да ги освојат трите бода, а на крај тоа од рака им појде на домаќините, кои во своите редови го имаа расположениот Ларин.

Канадскиот офанзивец беше човекот на одлука на ова дерби, затоа што по водството на Галатасарај, најпрво пред крајот на првиот дел погоди за израмнување, а потоа во 64. минута донесе голема победа за својот тим. Голот на Галатасарај го постигна Александру Чикалдау во 35. минута. 

Ланскиот вицешампион пропушти голема шанса да се избори за бод од ова дерби, откако нововлезениот Мохамед по само три минути откако влезе во игра не реализира од единаесет метри, поточно неговиот удар беше прочитан од домашниот голман.

Состави

Onder Karaveli

4-1-4-1

    Domenec Torrent Font

    4-1-4-1