ВИДЕО: Галата го „среди“ Лацио, Селтик загуби во спектакл со седум гола

Фудбалерите на Галатасарај се радуваа на победа во првото коло на Лигата на Европа, откако со 1-0 го доби Лацио и добро тргна во тешката група Е. Пресметката на „Турк Телеком“ беше решена со автогол на голманот Стракоша, по кој лацијалите немаа сили за кам-бек. 

  • Галатасарај - Лацио 1-0: 

Се играше цврст натпревар во Истанбул, без премногу шанси и ризик во првиот дел, па јасно мрежите мируваа. Во продолжението, Лацио беше подобар ривал, се закануваше и правеше шанси, но недостигаше реализација. Сепак, неверојатен кикс на голманот Стракоша доведе до гол кој го реши дуелот и гостите загубија. 

Вистински трилер дуел одиграа Бетис и Селтик на „Бенито Виљамарин“, во кој домаќинот победи со 4-3 (2-2). Шкотланѓаните со погодоците на Ајети и Јурановиќ поведоа со два гола, но за само пет минути Миранда и Хуанми донесоа егал. Во вториот дел, Иглесиас и повторно Хуами ја свртеа ситуацијата, со голови за 4-2 на Бетис. Во завршницата Ралстон намали на 4-3, но Селтик немаше доволно време за кам-бек. 

  • Бетис - Селтик 4-3: 

На останатите терени, Баер Леверкузен со пресврт го победи Ференцварош (2-1), Локомотив Москва со црвен картон освои бод против Марсеј (1-1), реми со по еден гол одиграа и Мидтјиланд со Лудогорец, а Генк победи во Австрија кај Рапид (0-1). 

Состави

Fatih Terim

4-4-2

    Маурицио Сари

    4-4-2