• Горан Упале
Фронтменот на еден од највлијатлните британски бендови во историјата, Ноел Галагер е познат како еден од најголемите фанови на Манчестер Сити. Легендарниот пејач, кој е роден во Манчестер, речиси и да не пропушта натпревар на Сити, па така беше и на вчерашниот клучен дуел во Брајтон.
Сити со 1-4 успеа да слави на овој дуел, со што ја обезбеди својата шеста шампионска титула во англискиот фудбал, а токму Галагер беше специјалнот гостин во лудото славје на „граѓаните“ во соблекувалната каде заедно со фудбалерите го испеаја најпопуларниот хит на бендот - „Wonderwall“.
- Славјето на Галагер и „граѓаните“ во соблекувалната:
@NoelGallagher leads the Wonderwall singalong in the Manchester City changing rooms. pic.twitter.com/obqMvUmp1g
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 12, 2019
Kitman Brandon and famous Noel Gallagher singing "Championes" with the City squad. This is what football is about. pic.twitter.com/m04Ge7AIR3
— π (@Leroyology) May 12, 2019