ВИДЕО: Гаитан по шест години минати во Бенфика со солзи се збогува од своите фанови

Вчера беше ден на одигрување на голем број на Куп финалиња ширум Европа, Манчестер Јунајтед по пауза од 12 години повторно со титула од ФА Купот, Јувентус ја одбрани двојната титула по победата над Милан, а Баерн Минхен по пеналите беше поуспешен од Борусија Дортмунд во последниот натпревар на Гвардиола на клупата на германскиот бундеслигаш. 

По овој дуел емоциите кај шпанскиот тренер беа толку големи што не можеше да ги сокрие и цела прослава ја помина низ солзи. Но, случајот на Гвардиола не беше единствен во овој викенд. 

Во петокот, од својот клуб се прости и аргентинскиот фудбалер, Николас Гаитан. Во финалето од Лига Купот на Португалија, Бенфика славеше со 6-2 над Маритимо, а овој дуел значеше и збогување на миленикот на фановите на лисабонскиот тим, Гаитан, кој цели шест години ги мина во овој клуб, а од наредната сезона ќе заигра во шпанската Примера во тимот на Атлетико Мадрид.