Гаго и Рикелме го канат искусниот Серхио Рамос во Бока Јуниорс

Искусниот шпански дефанзивец, Серхио Рамос, би можел да ја продолжи својата кариера во славниот аргентински клуб, Бока Јуниорс. 

Информацијата ја пренесоа повеќе медиуми кои тврдат дека Рамос добил покана од претседателот Хуан Рикелме, а препораката пристигнала од тренерот Фернандо Гаго, кој е поранешен соиграч на Рамос од времињата во Реал Мадрид. 

38-годишниот ветеран е без клуб откако му заврши соработката со Севиља, па се чини дека преминот во Аргентина би можел да биде одличен потег за него, а таму веројатно ќе добие значајна улога во тимот. Рамос е легенда на Реал Мадрид и за овој клуб одигра над 480 натпревари во сите конкуренции.