Гафури успешно опериран, „гипсарите“ почнуваат со припреми на 6 јануари

Капитенот на Ренова Арѓент Гафури успешно беше опериран од хернија и го очекува долга пауза. Од таборот на „гипсарите“ веруваат дека тој брзо ќе се врати и дека на 6 јануари ќе ја предводи екипата од Џепчиште на стартот на подготовките.

Шефот на стручниот штаб Бујар Ислами ќе прозива веднаш по празниците и целта е добро да ја подготви екипата, бидејќи напролет Ренова ја чека грчевита борба за опстанок во ПМФЛ.

„Гипсарите“ во првите кола беа хит во првенството, никој не можеше да ги победи, но следуваше лоша серија и Ренова заврши на деветата позиција. Клубот најави засилувања оваа зима, за да го подигне квалитативното ниво на ростерот.

Ренова презими на деветтото место на табелата со 19 бода.