Гафури и Адеми го скршија отпорот на Крушевац за втора тест победа на Ренова

Македонскиот прволигаш Ренова продолжува со победничката серија на подготвителниот период во Охрид. 

Попладнево, „гипсарите“ на стадионот „Билјанини Извори“ со сигурни 2-0 славеа над Трајал Крушевац. Ранова отпорот на српскиот тим го скрши дури во самата завршница од мечот, откако во 80. минута Гафури погоди од белата точка, а неколку минути подоцна конечните 2-0 ги постави Адеми. 

Претходно, во првиот тест натпревар тимот од Џепчиште извојува победа над Лабуништа со убедливи 4-1.