Гаф на Рашфорд: Најважно е што од „Стемфорд“ се враќаме со ТРИ бода! (ВИДЕО)

Маркус Рашфорд уште еднаш го покажа својот голем талент и на свои плеќи го одведе Манчестер Јунајтед во четвртфиналето од Карабао Купот на Англија. 

Младата англиска ѕвезда беше творец на двата гола на „ѓаволите“ на дербито против Челзи. Првиот гол го постигна од пенал, додека вториот беше неверојатен и сигурно еден од најубавите во неговата кариера. 

Но, по мечот на „Стемфорд Бриџ“, Рашфорд, кој денес го прославува 22-от роденден, направи невиден гаф, откако на прашање на новинар на Скај, одговори дека најважно е што Јунајтед ги собрал трите бода. 

„Честитки. Утре ти е роденден, дали ова е најдобриот начин да се прослави?“, праша новинарот. „Да, најважно е што ги освоивме трите бода...“, одговори Рашфорд и ги насмеа Англичаните.

Манчестер Јунајтед веќе го дозна противникот за четврфиналната фаза, откако денешната ждрепка им донесе дуел на „Олд Трафорд“ против Колчестер.