ВИДЕО: Филип Гачевски во 89. минута спаси победа за Енозис

Македонскиот голман Филип Гачевски продолжи да брани во одлична форма. По двата фатени пенали, сочува и победа за својот тим во самиот финиш кај Олимпија Никозија (0-1).

Домаќинот имаше добра шанса да постигне гол на самиот крај на средбата, ама македонскиот голман двапати фати топка пред самата линија и резултатот остана непроменет. Голот за победа на Енозис го даде Денинг од пенал во 51. минута.

Енозис запиша трета победа во низа и избега од опасната зона во кипарскиот фудбалски шампионат. Во следната рунда тимот на Гачевски го чека тежок дуел против Омонија.