Гачевски со оперативен зафат, ќе паузира најмалку еден месец

Голманот на Вардар, Филип Гачевски, ја искористи паузата за операција која ја одолговлекуваше некое време и веројатно ќе го пропушти стартот на подготовките со „црвено-црните“.

31-годишниот чувар на мрежата на вардарци мораше да направи операција поради кила. Откако заврши целата процедура, Филип Гачевски ќе мора да паузира најмалку еден месец. Првичните проценки велат дека тој ќе биде надвор од терените најмалку пет седмици.

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, која оваа година ќе биде обединета, стартува во месец август. Според досегашните најави, второлигашките екипи ќе истрчаат на терен на 14 август, а седум дена претходно стартува ПМФЛ.