• Мартин Танасковски
Екипата на Вардар забележа голема победа над Воска Спорт (2-1) во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и се врати на врвот на табелата. По натпреварот, еден од најискусните во составот на Вардар, Филип Гачевски, даде изјава за натпреварот, но испрати и мала провокација до ривалот.
Лани, кога Воска Спорт го победи Вардар и дојде до баражот, на клупската страница на Воска стоеше „Па-Па Гачевски“. Пораката голманот уште ја памети, а сега ги дочека своите пет минути за да возврати на тој удар.
„Заслужено победивме во натпреварот, затоа што бевме поквалитетна екипа на теренот. Дадовме убави голови и ги израдувавме нашите навивачи. Секоја чест за Вардар, секоја чест за „Комитите“ кои беа нашиот 12-ти играч на овој меч. Мотивирани од начинот на кој противникот лани влезе во баражот, сите знаеме како го направија тоа, но не сакам премногу да го коментирам тој момент, игравме за Вардар, за Македонија, едноставно немам зборови за оваа победа. И за крај, сакам да го поздравам ривалот - „поздрав од Папа Гачевски“, изјави голманот по натпреварот.
Вардар сега пак е на врвот, а зад него е Гостивар. Воска падна на третото место и ова беше прв пораз за охриѓани оваа сезона.