ВИДЕО: Гачевски пак фати пенал, доби и МВП награда во триумфот над АЕЛ!

Поранешниот голман на Вардар и македонски интернационалец, Филип Гачевски константно пружа одлични партии во дресот на Енозис Паралимни. Денес чуварот на мрежата одново имаше круцијална улога во победата на својот тим од 1-0 над АЕЛ Лимасол на Дарко Здравковски. 

Гачевски во 16. минута му одбрани пенал на Риера Сито, а и во останатиот дел од мечот имаше клучни интервенции со кои сочува „чиста мрежа“. Паралимни врза серија од четири меча без пораз во кои ги победи АЕК Ларнака и АПОЕЛ, а претходно беше во  „црна“ низа од единаесет натпревари без победа. 

  • Одбранетиот пенал на Гачевски:

На овој натпревар пенал промаши и Енозис и тоа преку поранешната ѕвезда на ПМФЛ, Фелипе кој играше за Вардар и Шкендија.