Гачевски: Кога е најтешко, заедно да покажеме дека сме најсилни!

Македонскиот фудбал се враќа на сцената, а возбудливо ќе биде во Втората лига каде следи голема битка за промоција. Во моментов на една од посакуваните позиции е најтрофејниот тим Вардар, а голманот Филип Гачевски испрати порака пред продолжението.

Чуварот на мрежата побара голема поддршка во овие тешки денови за клубот во кој сите се борат за опстанок поради веќе познатите финансиски проблеми кои траат веќе подолг период.

“Во сабота играме за Комити, играме за Вардар. Вашата поддршка во овој момент ни е најпотребна. Дојдете сите, зошто не смееме да дозволиме клубот да пропадне. Сега кога е најтешко да покажеме дека сме најсилни. Напред Вардар!“, истакна Гачевски преку видео-порака.

Вардар во првото пролетно коло игра против Арсими. Натпреварот е закажан на стадионот „Железарница“ на 18 февруари од 14:00 часот.