• Мартин Танасковски

Македонскиот голман Филип Гачевски по крјаот на сезоната на Кипар во дресот на Енозис ја доби наградата за најдобра интервенција во едно од колата.
Во рамки на 14. коло, Гачевски беше одличен меѓу стативите во ремито против Етникос Ахна (0-0) и тогаш беше прогласен за голман на колото. Воедно, му следуваше и награда за најдобра интервенција која сега заврши во неговите раце.
Филип Гачевски речиси сигурно ќе си замине од Енозис, затоа што тимот испадна од кипарската елита. За неговите услуги има интерес од неколку клубови на Кипар, но и од други земји.
Голманот се пресели на Кипар од редовите на Вардар, а претходно во мак-фудбалот бранеше и за Брегалница. И во двата клуба постави рекорди, во Штип не прими гол 912 минути, додека во Скопје имаше „чиста мрежа“ на 19 натпревари, што е најмногу.