Гача и Шишко одлични, Енозис и Докса поделија по бод

Енозис Парамлини и Докса одиграа важен меѓусебен натпревар во Кипар во групата за борба за опстанок, но истиот заврши без голови (0-0), нешто што не го посакуваа и двете екипи.

Голем удел во резултатот имаа двајцата македонски голмани Филип Гачевски и Дамјан Шишковски. Интернационалците имаа солиден натпревар и забележаа по две добри интервенции кога ја спасуваа својата мрежа.

Покрај Гачевски и Шишковски, на овој натпревар настапија уште двајца македонски фудбалери, тоа се Дарко Глишиќ и Душко Трајчевски, двајцата влегоа од клупата за резерви на Докса.

Докса е десетта со 36 бода, инаку тоа е првото место кое носи опстанок, додека Енозис е тринаесетти со 28 бода и му се заканува испаѓање.