ВИДЕО: Габриел се повреди на својот „Емирати“, Бразил го победи Сенегал во Лондон

Фудбалската репрезентација на Бразил ја продолжи одличната серија и во Лондон славеше против Сенегал со 2-0 во пријателски натпревар одигран пред околу 58.000 гледачи на стадионот на Арсенал.

Избраниците на Карло Анчелоти ја решија задачата уште во првото полувреме. Естеван погоди во 28. минута, а само седум минути подоцна Каsемиро ја удвои предноста на „кариоките“. 

Во вториот дел на „Емирати“ се случи пех за Бразил, но веројатно уште повеќе за Арсенал. Одличниот стопер Габриел заработи повреда на мускулите која не делуваше дека е наивна, а Арсенал сега ги очекува резултатите од прегледите за да се утврди сериозноста на проблемот.

Бразил во вторник ќе одигра нов пријателски дуел против Тунис во Лил, додека Сенегал истиот ден ќе се соочи со Кенија во Анталија. Двете селекции веќе имаат обезбедено место на СП 2026 во САД, Канада и Мексико.