Габриел Хесус од наредната сезона ќе игра во Арсенал

Премиерлигашот Арсенал наскоро ќе го потврди најсериозното летно засилување досега. Во лондонскиот тим се очекува да пристигне Габриел Хесус.

Одличниот бразилски напаѓач треба да ги договори личните услови со клубот. „Топџиите“ веќе се договориле со Манчестер Сити околу откупната сума, која ќе изнесува 45 милиони евра.

Доаѓањето на 25-годишниот голгетер ќе донесе поголема конкуренција во нападот на Микел Артета. Шпанскиот стратег ќе има неколку опции за првотимската позиција, а Хесус сигурно ќе биде негов чест избор, со оглед на искуството во Премиер лигата.

Бразилецот е роден во Сао Паоло, а започна да игра во Палмеирас, од каде пред пет години се пресели во Англија.