Габриел Хесус како Меси, КОНМЕБОЛ го суспендира два месеци

Габриел Хесус

Бразилскиот напаѓач Габриел Хесус бурно реагираше на црвениот картон на дуелот против Перу на овогодишното издание на Копа Америка.

Откако заработи исклучување, фудбалерот на Манчестер Сити најпрво испрати коментар кон главниот судија и му порача дека е поткупен, а на излегување од теренот го турна екранот за преглед на сомнителни ситуации со ВАР-технологија.

Поради тоа Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) му изрече суспензија од два месеци. Се очекува младиот голгетер да ги пропушти пријателските средби на „кариоките“ против Колумбија и Перу во септември.

На оваа одлука може да се каже дека се израдува англискиот првак, кој секогаш е претпазлив со својата ѕвезда. Хесус многу често е повреден, па намалувањето на настапи сигурно ќе му користи на неговото здравје.