ВИДЕО: Габигол се криеше под маса во нелегално казино, па заврши во апс!

Неверојатна приказна доаѓа од Бразил, каде што популарниот напаѓач на Фламенго, Габриел Барбоса бил уапсен поради присуство во илегално казино. 

Популарниот Габигол откако дознал дека полицијата ќе упадне на „забавата“, речиси еден час се криел под маса, а според пишувањата бил покриен во обид да го сокрие својот идентитет. Сепак, полицијата го уапси поранешниот напаѓач на Интер. 

  • Видео од апсењето: 

Габигол се бранел пред службените лица изјавувајќи дека не знаел за што станува збор и кажал дека требало да присуствува на обична вечера со пријатели.