Габигол повторно на позајмица, од Сантос се сели во Фламенго 

Од него се очекуваше да биде една од најголемите ѕвезди на бразилскиот фудбал, но трансферот во Интер како да ја „уништи“ неговата кариера, па мораше да заминува на позајмици во Бенфика и Сантос.

Габигол сезоната ја започна во својот матичен клуб, но откако и таму не блесна со своите игри, беше приморан да се сели во нова средина, а истата ја најде во еден од најголемите конкуренти на Сантос, Фламенго. 

22-годишниот напаѓач со Фламенго потпиша едногодишна позајмица, со опција за комплетен трансфер, доколку ги задоволи вкусовите на раководството и стручниот штаб.