Габигол и Педро му ја донесоа светската бронза на Фламенго

Екипата на Фламенго донесе медал од Светското клупско првенство (СКП) со триумфот против Ал Ахли (2-4) во мечот за третото место.

По неочекуваниот пораз од Ал Хилал, шампионот на Јужна Америка мораше да се задоволи со настап во малото финале. Дуелот за третата позиција на СКП изобилуваше со голови, а понуди и два пресврти.

Прва до предност дојде екипата на Фламенго која во 11. минута реализира пенал преку Габриел Барбоса, а потоа, Ал Ахли преку Ахмед Абделкадер направи пресврт и имаше 2-1. Проблемите за африканскиот континентален шампион настанаа кога во 69. минута Абдулфатах доби црвен картон.

Бразилскиот првак со брза игра го искористи просторот и фактот дека имаше човек повеќе, па направи пресврт за триумф. Прво во 77. минута погоди Педро за 2-2, па во 85. минута Габриел Барбоса направи пресврт (2-3). Откако Ал Ахли тргна на се или ништо, Педро со својот втор гол во 91. минута ги постави конечните 2-4.

За Фламенго ова е втор медал на Светското клупско првенство, по сребреното одличје во 2019 година.

Состави

Marcel Koller

4-4-1-1

    Витор Переира

    4-4-2