ВИДЕО: Габаски супер-пеналџија, Салах против Мане за титула на АКН!

Домаќинот Камерун ги заврши настапите на Африканскиот Куп на Нации (АКН). Во полуфиналето кобен за тимот беше Египет, чии фудбалери повторно се покажаа како добри пеналџии и патуваат во финалето (0-0 регуларен дел, 1-3 пенали).

  • Пеналите на натпреварот во АКН:

„Фараоните“ предводени од најголемата ѕвезда Мохамед Салах не блескаа и на овој натпревар, но се радуваат на пласман во мечот за титула. Во регуларниот дел Египет имаше само една сериозна шанса, кога Салах излезе пред Онана, но не успеа да го совлада, а Камерун доминираше.

Најефикасниот напад на овој турнир, сепак, не се снајде најдобро. Нгадеу ја погоди пречката во 18. минута, Абубакар беше изблокиран потоа и му спречија чист гол, за во 70. минута среќата повторно да го спаси Египет, затоа што Тото Екамби ја погоди левата статива.

Во екстра-времето се играше претпазливо, а кога дојдоа пеналите психолошката предност кај Египет се покажа на дело, затоа што Камерун не реализира три шута од белата точка и против себе го имаше расположениот Габаски кој фати два од нив.

Вреди да се напомене дека „фараоните“ го завршија мечот без селектор, затоа што Карлос Кеирош беше исклучен поради протести кон судиите пред истекот на регуларните 90 минути.

  • Извештај од натпреварот: 

Египет во финалето на АКН ќе се соочи со Сенегал кој е предводен од Садио Мане, инаку клупски колега на Мохамед Салах од Египет затоа што и двајцата играат во Ливерпул, додека Камерун ќе игра за третото место со Буркина Фасо.