ВИДЕО: Фурухаши му пресуди на Ренџерс, Селтик го освои Лига Купот

Фудбалерите на Селтик се радуваа во финалето на Лига Купот на Шкотска со 1-2 (0-1) против лутиот ривал Глазгор Ренџерс. „Олд Фирм“ во мечот за трофејот го одлучи Киого Фурухаши, јапонскиот крилен напаѓач на Селтик, кој постигна два погодоци. 

  • Извештај од натпреварот:

На „Хампден Парк“ започна мирно, се играше главно на средината од теренот, а поконкретен од стартот беше Селтик. Поради тоа, прв се закани Жота, пред двата обиди на Фурухаши. Веќе третата шанса за Јапонецот беше претворена во погодок, по една одлична акција тој остана осамен на петерецот и стрела за 0-1 во 44. минута. 

Ренџерс покажа дека е „жив“ преку обидот на Рајан Кент кој ја погоди стативата, меѓутоа следеше нов гол на Киого Фурухаши. Овојпат играчот од Јапонија доби топка низ одбраната од Хатате и на сличен начин вторпат погоди во дербито. За драмата да трае до самиот крај се погрижи Алфредо Морелос, кој во 64. минута по една мешаница најдобро се снајде и намали на 1-2. 

Сепак, до крајот на натпреварот Ренџерс не успеа да го загрози противникот и го загуби финалето.