„Фуријата“ не сака да дозволи ново чудо во четвртфиналето на ЕП

Кога во осминафиналето ќе го исфрлите најголемиот фаворит на турнирот, тогаш никој не смее да ве смета за аутсајдер во четвртфиналето, но Швајцарците тоа и едноставно се. Шпанија може да здивне по триумфот со Хрватска. Ако го сметаме и мечот со Словачка, „црвената фурија“ постигна десет гола на два натпревари, па важи за фаворит и на овој меч.

Сите квоти за натпреварот меѓу Швајцарија и Шпанија

Швајцарија одигра феноменално против „триколорите“. Беше одговорна и упорна, искористи несфатлив пад на моќниот противник, го казни со два погодока во финишот, се избори за продолженија, а потоа и пенали. Во серијата беше поконцентрирана и на висината на задачата, па приреди права сензација.

Сличен пад на концентрацијата како и Франција имаше и репрезентацијата на Шпанија против Хрватска, но потоа успеа да се издигне и во продолженијата да дојде до голема победа. Селекцијата на Луис Енрике покажа врвна техника и контрола на топката на овој турнир, доминантна е во поле, но ѝ недостасува убиствен напаѓач. Сепак, охрабрува фактот што Алваро Мората конечно успеа да ја скрши психолошката бариера.

Квоти за останатите четвртфинални натпревари на ЕП

Швајцарија нема друг избор, освен да се обиде да го искористи истиот рецепт од дуелот со Франција: одговорно во дефанзивата, па со некој изненаден гол да се обиде да го направи и четвртфиналето возбудливо. Сепак, мислиме дека премногу е да се очекува уште едно чудо, плус, лидерот Гранит Џака е суспендиран. Веруваме дека Шпанија ќе ја потврди разликата во квалитет и ќе избори очекуван пласман во полуфиналето.