„Фуријата“ експресно го назначи наследникот на Енрике!

Фудбалската репрезентација на Шпанија остана без селектор со разделбата со Луис Енрике, но тоа нема да трае долго затоа што веќе е избран наследникот.

Само еден час по официјалната разделба, челниците на шпанскиот фудбал реагираа и го назначија наследникот на тренерот кој ја водеше селекцијата од 2018 година.

Се работи за Луис Де Ла Фуенте, стратегот кој до сега ја водеше репрезентацијата на Шпанија до 21 година. Претходно тој работеше и во младинските категории до 19 и 23 години, а во федерацијата е од 2013 година.

За Де Ла Фуенте, ова ќе биде најсериозниот ангажман во кариерата, ако се земе предвид дека работеше во нисколигашите Португалете и Аурера, потоа Б-тимот на Атлетик Билбао и Алавес.