ВИДЕО: Фулам разочара, но ќе го предизвика Брентфорд за влез во Премиер лигата

Откако синоќа Брентфорд испиша историја и за првпат од своето постоење ќе се бори за влез во Премиер лигата, вечерва уште ден „мал“ лондонски клуб ќе игра финале во плеј-офот на Чемпионшип.

Тимот на Фулам е пред експресно враќање во англиската фудбалска елита, откако вечерва обезбеди виза за бараж финалето на „Вембли“, кое треба да го даде последниот патник во новата сезона на Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот: 

На „Крејвен Котиџ“ лондончани го загубија реванш-мечот со Кардиф (1-2), но благодарение на сигурната победа во Велс од 0-2 ќе го предизвикаат Брентфорд во големото финале на втората лига по ранг во Англија. 

Иако се очекуваше момците на Скот Паркер и вечерва да доминираат на терен, Кардиф изненади со својот пристап на игра и во поголемиот дел од натпреварот притискаше за нов погодок, но тоа не беше доволно за виза на „Вембли“. Головите за велшкиот тим ги постигнаа Нелсон и Томлин, додека за лондончани прецизен беше Кебано за тогашни 1-1.

Големото финале меѓу двете западно лондонски клубови на „Вембли“ е закажано за во вторник, со почеток од 20:30 часот.