Фулам не сака да слушне за продажба на Митра-гол, одби 55 милиони од кинески клуб

Екипата на Фулам, иако одигра катастрофална прва половина од Премиер лигата, не  отстапува од целите кои ги зацрта на стартот, а тоа е опстанок во елитата на англискиот фудбал. 

Доказ за тоа е одбивањето на неверојатната понуда која од Кина пристигна за услугите за Александар Митровиќ. Како што пренесуваат британските медиуми, тимот на Гунагжу е подготвен да плати 55 милиони евра за српскиот голгетер, но малиот тим од Лондон веднаш ја одбил понудата, со образложение дека нивниот прв голгетер не мрда од „Крејвен Котиџ“. 

Во досегашниот дел од сезоната на Премиер лигата, Митровиќ на 21 натпревар запиша осум гола, а Фулам со само 14 бода ја зазема 19. позиција на табелата.