Фулам и Митровиќ уште на стартот ги чека пекол против Ливерпул

Поспектакуларен кам-бек во Премиер лигата тимот на Фулам не можеше ниту да посака. Лондончани на стартот од првенството против Ливерпул ќе покажат дали се достојни да се стабилизираат во веројатно најсилната лига во Европа. Јасно е дека амбициите на Фулам се околу опстанокот, додека Ливерпул по трауматскиот крај на сезоната ќе се обидат да го вратат шампионскиот пехар во своите витрини.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Фулам и Ливерпул

Главен адут на Фулам во оваа сезона ќе биде српскиот центарфор Александар Митровиќ кој во Премиер лигата ќе ја потврдува добрата форма пред СП во Катар. Заврши како најдобар стрелец во Чемпионшпип и испиша историја, ова е нова шанса за блесок. Ливерпул остана без Мане, ама Јирген Клоп доби големо засилување во уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез кој дојде од Бенфика за 75 милиони евра.

Редси играа доста променливо во подготвителниот период. Доживеаја пораз од Стразбур и Салцбург, но имаа и некои вонсериски изданија затоа што славеа над РБ Лајпциг со 5-0. На спротивната страна Фулам доживеа тежок пораз од Бенфика, но му одолеа на Виљареал.

Квоти за останатите натпревари во Премиер лигата

Последен пат Фулам го победи Ливерпул во далечната 2011 година. Во претходните две меѓусебни пресметки беше 0-2 гола. Ливерпул е голем фаворит, но имајте на ум дека е почеток на шампионатот. Можеби е најдобро да пробате со Х на полувреме, а реално е да биде и 2-3 гола.