• Иван Димовски

Фудбалерите на Фулам му откинаа два бода на Тотенхем и одиграа реми од 1-1 во малото градско дерби во рамките на 16. премиерлигашко коло. Момците на Скот Паркер врзаа серија од пет реми средби во низа, што и не е така лошо ако се согледа позицијата на табелата.
- Извештај од натпреварот:
„Петлите“ на Мурињо поведоа уште во 25. минута. Хари Кејн изведе мајсторија и во пад стрелаше со глава по перфектниот центаршут на Регуиљон, за 1-0 и радост на својот тим. Тотенхем имаше многу шанси во првиот дел, ама Ареола ги бранеше ударите на Сон и Регуиљон, а за гостите се закани Лофтус-Чик.
Во второто полувреме, пак, се заканија домашните фудбалери, ама не успеаја да погодат. Казната ги стигна на спротивната страна, бидејќи Иван Кавалеиро даде гол за 1-1 во 74. минута по центаршутот на Лукман. Тотенхем пак продолжи да напаѓа, даде и еден гол преку Регуиљон во самиот финиш, ама истиот беше поништен поради офсајд.
Така, Тотенхем испушти три бода и шанса да се израмни со Евертон, Лестер и Манчестер Сити на првенствената табела.