ВИДЕО: Фулам без Митра го среди Шефилд, следно коло обезбедија и Брајтон, Барнли...

Екипата на Фулам ја запиша првата победа на официјален натпревар во новата сезона, откако вечерва во рамки од 1/16 финалето од Лига Купот на Англија без многу проблеми славеше над Шефилд Венздеј (2-0).

  • Фулам - Шефилд Јунајтед 2-0:

Момците на Скот Паркер, иако без првиот напаѓач Александар Митровиќ, уште во првиот дел го решија патникот во осминафиналето, затоа што си обезбедија предност која до крајот искусно ја сочуваа. Резултатот го отвори Камара уште во 9. минута, додека пред одморот точна на натпреварот стави Рид.

Место меѓу 16-те најдобри обезбедија и премиерлигашите Брајтон и Барнли, кои со идентичен резултат како Фулам, ги совладаа Милвол и Престон.

Од програмата од 20:00 часот се одигра уште еден натпревар, на кој Стоук Сити со минимални 1-0 го елиминира Гилингам.