Фудбалските клубови добија „ваучери“, најголеми за Работнички, Вардар и Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија информира дека веќе се подготвени ваучерите за спорт од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС), а финансиски бенефит од институцијата ќе добијат вкупно 26 пријавени клубови.

Клубовите на кои им е доделен ваучер од страна на Агенцијата за млади и спорт, ќе може да го подигнат од 11 јуни во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Најмногу од сите доби Работнички, а потоа следат Вардар, Шкендија, Пелистер, Македонија ЃП, Академија Пандев, Тетекс, Шкупи, Ренова, Победа, Брегалница, Гостивар, Скопје...

Агенцијата за млади и спорт додели ваучери на следните фудбалски клубови:

1. ФК РАБОТНИЧКИ, ваучер во висина од 6.705.900.оо денари;
2. ФК ВАРДАР, ваучер во висина од 6.407.860.оо денари;
3. ФК ШКЕНДИЈА, ваучер во висина од 6.348.252.оо денари.
4. ФК ПЕЛИСТЕР, ваучер во висина од 5.305.112.оо денари;
5. ФК МАКЕДОНИЈА ЃП, ваучер во висина од 5.066.680.оо денари;
6. ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, ваучер во висина од 4.619.620.оо денари;
7. ФК ТЕТЕКС, ваучер во висина од 4.470.600.оо денари;
8. ФК ШКУПИ, ваучер во висина од 4.112.952.оо денари;
9. ФК РЕНОВА, ваучер во висина од 3.963.932.оо денари;
10. ФК ПОБЕДА, ваучер во висина од 3.516.872.оо денари;
11. ФК БРЕГАЛНИЦА, ваучер во висина од 3.427.460.оо денари;
12. ФК ГОСТИВАР, ваучер во висина од 3.367.852.оо денари;
13. ФК СКОПЈЕ, ваучер во висина од 3.129.420.оо денари;
14. ФК БЕЛАСИЦА, ваучер во висина од 2.831.380.оо денари;
15. ФК СИЛЕКС, ваучер во висина од 2.622.752.оо денари;
16. ФК СТРУГА ТРИМ ЛУМ, ваучер во висина од 2.533.340.оо денари;
17. ЖФК ИСТАТОВ, ваучер во висина од 539.580.оо денари;
18. ЖФК ТИВЕРИЈА, ваучер во висина од 533.232.оо денари;
19. ЖФК АС ЈУНАЈТЕД, ваучер во висина од 507.840.оо денари;
20. ЖФК ДРАГОН, ваучер во висина од 507.840.оо денари;
21. ЖФК АТЛЕТИКО БИТОЛА, ваучер во висина од 479.274.оо денари;
22. КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ, ваучер во висина од 443.700.оо денари;
23. ЖФК ТОП ГОЛ, ваучер во висина од 412.620.оо денари;
24. ЖФК КОЧАНИ, ваучер во висина од 380.880.оо денари;
25. КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА, ваучер во висина од 284.200.оо денари;
26. ЖФК САСА КАМЕНИЦА, ваучер во висина од 279.812.оо денари;

Покрај фудбалските клубови, Агенцијата за Млади и Спорт претходно им додели ваучери и на Ракометната федерација, Кошаркарската федерација, Одбојкарската федерација и уште многу други.