Фудбалскиот свет во исчекување: Мурињо по една година се враќа на „Олд Трафорд“!

Жозе Мурињо Јунајтед

Овој декември ќе помине една година откако Жозе Мурињо заработи отказ од Манчестер Јунајтед. За неколку дена, Португалецот ќе се врати на „Олд Трафорд“, овојпат како противник и како дел од таборот на Тотнехем.

Во рамки од 15. коло од Премиер лигата, преродените „петли“ на чело со заменикот на Маурицио Почетино ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и искачувањето на првенствената табела.

Со оглед на тоа што „црвените ѓаволи“ ремизираа против Астон Вила и играат лошо под палката на Оле Гунар Солкјер, фаворитската улога во ова дерби ќе биде на страна на гостите од Лондон.

Мурињо по 12 месеци ќе направи кам-бек во Манчестер и ќе се обиде да му го загорчи животот на Норвежанецот и неговата поранешна екипа.

Натпреварот се игра в среда со почеток од 20:30 часот.