Фудбалскиот свет не заборава: Годишнина од смртта на Диего Армандо Марадона!

Марадона

Аргентинскиот медиум „Кларин“ пред точно една година објави дека ненадејно почина легендарниот Диего Армандо Марадона, како последица на срцев удар во неговиот дом. Аргентинскиот генијалец почина во 60-тата година и ја остави нацијата облеана во тага. 

Аргентинската фудбалска легенда две недели пред смртта успешно бил опериран од тромб во мозокот во клиника во Буенос Аирес. Докторот кој ја извршил операцијата Леополдо Луке тогаш рече дека операцијата била „рутинска“ и оти пациентите подложени на таква постапка обично се отпуштаат од болница за 24 до 48 часа. Проблемот веројатно бил предизвикан од повреда, иако Марадона вели дека не се сеќава на некој посебен инцидент.

Марадона, кој имаше проблеми со дрога и алкохол, преживеа два инфаркти и се разболе од хепатитис. Во 2005 година му беше направена операција на желудочен бајпас, по што загуби 50 килограми и го направи склон кон анемија.

Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес. Стана светски првак во Мексико 1986 година и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња. На 20 октомври 1976 година (10 дена пред неговиот 16-ти роденден), Диего го одиграл својот прв натпревар за сениорите на Аргентинос Јуниорс. Тогаш станал најмладиот прволигашки фудбалер во историјата на аргентинскиот фудбал. Во 1979 беше капитен на репрезентацијата на Аргентина која во Јапонија ја освои титулата јуниорски првак на светот. 

На доминантен начин стана светски првак во Мексико во 1986 година, а четири години подоцна во Рим загуби во финалето на Светското првенство. Стана легенда и во Наполи, клуб со кој освои две скудета и Куп на УЕФА. Работеше како селектор на Аргентина на Светското првенство во 2010 година, а до смртта ја водеше Гимназија Ла Плата.