Фудбалскиот сојуз на Италија воведува тениско правило во Серија А!?

Фудбалскиот сојуз на Италија досега се докажа како најотворен при воведувањето на ВАР технологијата и Серија А беше меѓу првите лиги кои прифатија користење на истата. 

Сега од ФИГЦ се спремни да отидат и чекор понатаму, па размислуваат да тестираат тениско правило на терените. Се работи за користење на „челинџ“, кога некој тим ќе смета дека е оштетен, што ќе го принуди арбитрот да ја провери снимката.

Клубовите ширум земјата веќе се изјаснија дека би сакале таква можност, па сојузот веќе контактирал со ФИФА. Тие го претставиле предлогот и доколку добијат дозвола, би можеле да го користат правилото уште оваа сезона.