ВИДЕО: Фудбалски танц на ПСЖ, за 12 минути го „почести“ Монако со ЧЕТИРИ ГОЛА!

По почетното мирно отворање од големото дерби на францускиот фудбал меѓу ПСЖ и Монако, лидерот на Лига 1 за само 12 минути го торпедира голот на шампионот и со головите на Џовани Ло Селсо, Единсон Кавани и Анхел Ди Мариа има огромно водство од 4-0. 

Резултатот го отвори младиот Ло Селсо, на 2-0 зголеми Кавани, додека Ди Мариа со брилијантен лоб донесе огромни 3-0. Ло Селсо со својот втор гол во 27. минута го дотолчи Монако и обезбеди сигурна победа на својата екипа.