ВИДЕО: Фудбалски раритет – играч на Лајпциг за 40 дена даде втор гол со ПЕТА!

Ретко се случува еден фудбалер да постигне атрактивен гол со пета, а уште поретко истиот фудбалер да постигне два такви гола во една сезона! И тоа во рок од 40 дена.

Бразилецот Ромуло Кардозо, гол со пета постигна во поразот на РБ Лајпциг од Баерн со 1-5 (20 јануари 2026 година), а вечерва во Хамбург, во 36. минута, на многу сличен начин донесе израмнувањето против Хамбургер. Инаку, неговиот тим извојува значајна победа во 24. коло од Бундеслигата, откако по пресврт славеше со 1-2. 

Виера погоди за домаќините, а покрај Кардозо за Лајпциг гол постигна Диомаде. Инаку, Кардозо можеше да обезбеди и поубедлива победа за својот тим, но во 62. минута не реализира удар од единаесет метри. Кардозо пристигна во Лајпциг минатото лето од турскиот Гечтепе во трансфер од 20 милиони евра. Тој постигна седум гола и четири асистенции во 22 натпревари оваа сезона.